втоне (св.)
Тој го крена погледот кон наштрбените рабови на тврдината, втоната во разбрануваната светлина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Темната оска втонува во Арсо. Чудно е сето тоа, болка не сеќава.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И којзане до кога веселбата ќе траеше, ако на Бандо не му удри лакомијата во пиење: ја фрли чашата и зеде со котле да пие вино; кога го испи котлето, го стави на главата и почна да игра со него: го тресеше на главата, скокаше, сѐ додека некој на шега не го удри со рака котлето; тоа направи: пуф! втона и се навре на главата од Бандо; притрчаа луѓето да му го извадат, да му го истргаат, но беше попусто: тоа беше така заглавено, што ништо не го вадеше; при секој обид да се извади, Бандо офкаше зашто носот и ушите му запињаа и не даваа да излезе котлето; се обидуваа да го скршат, да го расечат котлето, но сѐ беше залудно, зашто при секој удар, Бандо офкаше. Боже, што стана ова, се чудеа луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)