всади св.

всади (св.)

Блажена да е твојата пресвета душа што ја излекува мојава душа од струпјето на гревот и всади разум во нашите срца со духовни зборови.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Нејзе уште од мала ѝ е всадено чувство на стравопочит спрема чорбаџијата, повеќе на страв, отколку на почит, и тоа чувство ѝ преминало некако во навика, така што нејзиниот страв не е силен но затоа е постојан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Оној закон, што беше всаден во крвта и во секоја жиличка и во секое потреперување и на таа тупаница растреперен живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И се влечкаше нагоре, на колената и на рацете; снегот како да беше направен од големи тврди скрупци, од чијшто студ набргу во неговите подноктици му се всади и една гола бол, но тоа не мораше да биде забележано со некакво особено внимание, додека заминуваше со лицето во тој снег, бидејќи дланките можеше секогаш да ги замени со лактите и да продолжи да чекори и на нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
4. ДАЈ МИ, БОЖЕ, ОЧИ ДА ЈА ГЛЕДАМ - и сите ѕвезди тоа боже зеници да ти ги всади нели е таа како сонце заслепен ќе си везден, а огнот љубовен, ко месец, ќе ти ноќева во гради...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Нека овој наш краток разговор биде повод за подолго размислување и настојување да всадиме кај сите луѓе во светот желба за среќа, еднаквост, радост и мир. Мир за сите!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во тоа време, за сите нив којзнае како во мене беше всадено едно многу чудно, болно чувство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Особено кажувањата за животот беа силни, чисти, раскажани со разбирлив, близок јазик, веднаш во душата да ти се всади болка за оние за кои се говореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сепак, би ми било навистина многу драго ако успеа да сфатиш дека не бевме ниту деспоти, ниту ненаситни посесивци, туку дека се трудевме да ти овозможиме најдобри услови за безгрижен, самостоен развиток, да ти всадиме широки и хумани погледи кон светот, да ти дадеме скапоцени совети за што побезболно да ги минеш младешките кризи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Чанга како да имаше во себе всаден непогрешлив компас со кој го насетуваше правецот на природната историја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа бил облик на самооздравување во кој ги отстранил и ги превртел самопоткопувачките чувства што неговите очигледно ладни родители ги всадиле во него и кој му бил потребен како материјал за создавање сигурност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Освен тоа, вие сте деца на 60-тите и на 90-тите. Во вас е всадено да сакате мирољубив, толерантен, забавен свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговиот дворец мора да е всаден само во водниот дел на островот што ја држи ледената палата на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ни тоа никогаш не беше искажано со зборови, но, на индиректен начин беше всадувано во секој член на Партијата од најраното детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чедноста беше длабоко всадена во нив, како еден вид партиска лојалност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако Бог постои, тој сигурно е всаден и во моќта на јагулите да се обновуваат и да се продолжуваат од исечените парчиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ѝ се всади еден постојан стреж што ѝ се собираше како грутка во градите, стреж од некоја неизвесност.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе