вртеж (м.)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Моќна река е Мидвеј... При јаките плими станува дури страотна, надоаѓа во големи вртежи...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Замислете вовлекувачки вртежи: процесирачко нешто кое го задржува својот „идентитет” единствено под услов да не го задржи.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во Њујорк вртежот на градот е толку силен, центрифугалната сила локва, што е натчовечки и да се помисли да се живее во пар, да се дели животот со некој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Земјата е жолчката која од вртежот фатила тенка кора, врз која живиот свет атерирал од некаде, се населил или никнал – сеедно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тоа беше пат кој сам од себе се роди од хаосот: Огледало, отворено пред неговите очи, кое јасно го покажуваше вртежот на компасот во сите можни правци, пулсирајќи во ритамот на сончевината.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
На сончевата тромеѓа искрснува
еден човек, лав и осуетен бог.
Вртеж. Вртолун. Вртимушка. Вода, бездна, стапало, сепак.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ако сите три сфери на тешката леснотија – облаците, снегот и маглата – се претворат во течна состојба, би се добило вода, со благи кругови на површината, кои рамномерно се шират, од нежниот вртеж на планетата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Целиот живот ти лета по мислите и, до последниот вртеж на зарот, доживуваш оргазам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)