врапче (ср.)

Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас што дојдов овде, штрк, не оти сакав да бидам штрк, ами клетвата од татка и од мајка ме фати, што не ги слушав како врапчињата Сиве и Чуле.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ако ви се случило некогаш да сте избегале од дома и првата ноќ да ве затече сред опустени бавчи, каде што шумот на ветерот ви се причинува како сподавен викот од многу гласови, ќе разберете зашто на Мечета – така се викаше тој – сега му тупка срцето како на врапче затворено в клетка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Препарираниот орел ме нишанеше со остриот клун а стаклените очи ме гледаа како да сум најситно врапче на светов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Јас ќе ти забранам. Ти си врапче.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Срцето ми биеше, бев врапче кога тропнав на вратата од професорската канцеларија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- На мачорот му викам. Нема врапче, - ѝ објасни Мишко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа се стрча долу во градинката да ги собере пердувките од врапчето и да ѝ ги покаже на сестра си кога ќе се врати од училиште.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој час во прозорецот удри со писок изгладнето врапче.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни врапчиња не се зашто тие не летаат толку високо а ни ластовички не се. Ластовичките лесно се распознаваат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Па... да и го дадеме!“ - се сложија децата, а таа со врапчето в рака се стрча - плашејќи да не ѝ го земат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сите молкнаа мислејќи што да прават со малото врапче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Играјќи се зад зградата децата најдоа едно врапче коешто, веројатно, паднало од седлото.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Пеењето на птиците, чуруликањето на врапчињата, се претвори во волшебна утринска песна, песна со која птиците го поздравуваа раѓањето на новиот ден...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Србин чувствувајќи се како врапче во дланката на непроѕирната ноќ, потамина, сеќавајќи се на одмерувањата што со поглед ги правеше уште додека беше ден, фрли камче кон Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
9. КОЈ МНОГУ ВРАПЧИЊА НИШАНИ, НИЕДНО НЕ ЌЕ СТРЕЛНЕ - и за врапчињата пркнување, и за ловџијата спокој, во милосрдниот ресторан ќе го пофалат тој келнер гостите што ги служи со "МНОГУ ВРАПЧИЊА НА ОКО"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Врапчињата ги оставија стреите на селските кошари и копите со слама, каде што цела зима се тресеа од студ, и излегоа на слобода да ги бркаат бубачките и да прават меки седелца, во кои ќе ги одгледуваат своите мили рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И таман сакаше да побегне во кујната кај мајка си, свика: - Мамо, врапче влегло кај мене во собата, - таа тогаш го здогледа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога по половина час влегоа во собата, врапчето го немаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе