воспали (св.)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Радерфорд некогаш беше познат карикатурист, чии брутални стрипови помагаа да се воспали јавното мислење пред и за време на Револуцијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не се осмелуваше да се почеша, зашто ако го стори тоа, вената ќе се воспали.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеше да види една руса глава, високо потстрижена коса натерана нагоре, лице долгнавесто и сега, доцната пролет, малку подгорено од сонцето, очи сиви и благо воспалени.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)