воодушевен прид.

воодушевен (прид.)

Митра си ја чу пресудата. Озелене како мувлија и не можеше да најде збор да проговори, додека на Достиното лице се покажа црвенило до уши и длабока воздишка, и се симна еден голем товар од душата, но не испушти воодушевен извик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не. Сите мислат така, а јас бев ваков и постапив вака, иако и јас многу често не сум воодушевен од себе си ваков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги слушам нивните воодушевени извици: - Оф!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Полковниците воодушевени, не знаеја од кои риби побргу да јадат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковниците воодушевени од ова што го чуја долго стоеја гледајќи ги ликовите на ангелот и ѓаволот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Обајцата беа воодушевени од читањето на романот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сите беа воодушевени од нејзината сцена во која седи, многу женствено, на каучот и заедно со Џеки на глас го чита филмскиот часопис, додека Гери му го пуши на Џое.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имаше куп хартија околу себе и јас бев воодушевен од големината на материјалот која тој ја имаше напишано.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Воодушевен од средбата, тој побрза кон него и рече, „Небо, зарем ме заборави? Небо, зарем ме заборави?“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нејзе тоа ѝ се стори страшно духовито и воодушевено го прегрна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден возбуден глас веќе дрдореше од телекранот, но само што почна, беше речиси задушен од воодушевената врева однадвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Посебно беше воодушевен од хартиената фигура на главата на Големиот Брат, широка два метра, што ја правеше одредот на Шпионите во кој членуваше неговата ќерка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да се создадени еден за друг, материјалот и прстенот! – ме убедуваше, божем воодушевена, ама не ѝ поверував ниту збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Логотетот со воодушевеност и радост го прифати тоа, и побара од сите нас да се изјасниме со предлогот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Логотетот веќе воодушевено гледаше во Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, јас се радувам од душа и нека си зборуваат Груевци и компанијата, тие мислат и другата година да не го дигнат востанието, но како и да е, тоа само по себеси ќе дојде...’ Така заврши Сарафов воодушевен од новината солунска“200.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Негде при крајот на месечевата ноќ Пеперутката втрча во мојата соба и водена од насмевката на возбудата долго раскажуваше за некое чудесно лелеење во воздухот што самата таа го чувствувала; ми ја објаснуваше состојбата на привидното летање во кое и сега се наоѓала а од кое произлегувала и оваа нејзина воодушевеност: - Виде - прашуваше таа а лицето ѝ гореше - виде колку високо се качив? Дури меѓу ѕвездите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само за да ми напоменала дека сѐ уште ништо не било завршено; дека тргнала да ја сподели воодушевеноста со другарот Сираков и дека веднаш ќе се врати.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе