вокал м.
вокален прид.

вокал (м.)

Истовремено, во грчкото писмо суштествено се реформира старосемитскиот систем на писмо, затоа што воведувањето на посебни знаци за вокали го претвора старосемитското консонантно- силабичко писмо во, конкретно, алфабет, кога секој графички симбол означува одделна фонема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако воопшто постои поетско исцелителство, тоа мора да се бара првенствено во вокалите, во тие најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Собата на вокалот Е во која страдањето се поставува над сите знаења на светот („Не е од големо значење знаењето со кое ќе се здобиеш, туку знаењето кое ќе го изнастрадаш“) претставува „книга на болниот“ во која се бележи поетовиот обид да се преименува себеси, да се допише и дообјасни, да се дефинира како „развеано евангелие на немирот“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Врз неговата ленена кошула отсјај на фригиски вокали и селаните, дењем-ноќем, уште собираат остатоци од неговите зборови.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно не знаете уште за една НОВИНА што скоро ја дознав: во азбуката постоеле три вокали за буквата О! Тоа се: кратко О, полудолго О и долго О!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако решат еден ден да нѐ изневерат да нѐ прелијат со високи вокали блудно да се одлијат во туѓи планети безнадежно, речиси залудно ќе биде да се спречуваат во намерата: водата не знае за доста!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)