вокабулар (м.)
Тие се здобиваат со сопствено значење во опозиција спрема ортодоксниот вокабулар: „структура“, „систем“, „ограничување“, „детерминанта“ итн, вокабулар организиран околу сликата на животот како некаква „билијарска кугла“.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сите нацистички или фашистички школски учебници се служеа со осиромашен вокабулар и со осиромашен вокабулар и со елементарна синтакса, за да можат во корен да ги сосечат инструментите на комплексното и критичко мислење.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сега вие сте слободен, дури и Русија е послободна, и се чини дека сѐ уште мошне успешно работите во еден вокабулар чии значења во потполност се променија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Гледај, Рози, сфати. Домаќин... он...,“ старецот се обиде да најде соодветен англиски збор за Домаќин, но англискиот збор домаќин, кој беше најсоодветен не постоеше во неговиот вокабулар.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ме викаа. Ме плукаа, но ништо не слушнав од непознатиот вокабулар на нивните погани усти...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Француската револуција донесе енормен вокабулар во сите сфери на животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)