возило (ср.)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секое утро оди тој до неподвижните автобуси и камиони на улицата, ги гледа, ги отвора нивните врати, разговара со шоферите, влегува во кабините, и црта прави и криви линии врз големите, правливи врати на овие возила.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Возилото помина над нив, тие му промавтаа со рацете, поздравувајќи се со шумарот кој ги поздрави со сирената.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пак офкање, пак пребројување, пак чекање возила за понатаму.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кај се тие возила, стопанкина му? (Во која мајчина ќе одите: знаете ли вие каде е Албанија?) Па што ќе правиме сега? (Почекајте да видиме, да се избистри...) Ај, нека се избистри, ја потпира Трајан изврзаната рака на колениците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во тоа време во Зоолошката градина се направи таква бркотница, што помина доста време додека тргнаа со огромното специјално возило по слонот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
РУСЕ и Ѓурѓево ги дели Дунав а се сврзани со голем мост, долг пет километри, со неколку патеки за пешаци и возила и со железничка линија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
6. Внатре, пак, во Потковицата, иако не без ризици, сепак нормално, човешки, пеша, на коњ, или со запрежно возило, моторни, освен трактори и џипови, не одаат, без попусти напори и закани дека, ако се намериш преку ридиштата, ќе се зацапаш во блатата и мртвиците, може да се влезе, и да се излезе од неа, само по два пата - по Пазарџиски Пат и по Голем Пат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но зашто тогаш не поминуваше никаков воз по железничка линија, кој би можел да биде бомбардиран, а не допираа ни шумови на моторни возила што се точкаа по Битолско Џаде, појавата на аеропланот силно ги изненади и ги возбуди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тркалата се прибижуваат. Ја качуваат на возилото убавата жена, додека извикува: - Водете ме! Водете ме кон новото утре...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се туркам по возилата: качи се, слези, прекачи се.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми текна: јас сум контролор, ме познаваат сите возачи, што не запрам некое возило?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како што закркоре пукотницата така се појавија некои тешки возила со гасеници и со рилки како чистачи на снег така што не знам дали поскоро паѓаа трупови покосени од рафалите или местото се чистеше како ништо да не било.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Оттаму некој речник на таканаречените синоними може да го даде совршен како синоним за идеален или возило како синоним за превоз но во никој случај не може да се каже дека постои комплетна еквивалентност, бидејќи секоја единица во себе содржи множество од непреносливи асоцијации и конотации.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Јазикот не е возило што ги разнесува комуникациите напред-назад меѓу индивидуалните умови; тој е координација на физичките околности меѓу членовите на една социјална група, што го задржува структуралниот интегритет и на социјалната група и на индивидуалните членови на таа група.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Возилото грмеше по патот. Тој глас. Капетан Роквел.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Излезе од возилото и застана разгледувајќи го ракетодромот, триејќи ги уморните очи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сфатил дека поединечниот корисник - возач ќе отвори голем пазар на возила.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Друг пример е Форд, кој на Спилберг му подари неколку свои теренски возила, за неговите диносауруси слатко да ги изгазат во паркот Јура!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)