воздухопловство (ср.)
Вистински пример на имерзија има во воздухопловството на САД каде што дел од овој хардвер беше најпрво унапреден за симулација на летање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во седумдесеттите Tom Furness, којшто работел за американското воздухопловство, многу придонел за развојот на технологијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Секоја цел, на пример мост, надвозник, или железнички чвор, која непријателот цврсто ја држел и која партизаните не можеле да ја нападнат била доверена на Кралското воено воздухопловство или на тешките бомбардери на американското воено воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Кон ова се надоврзувала и информацијата од Главниот штаб на сојузничките сили до Штабот на воздухопловството од 1 декември 1944 година во која се потенцирала изјавата на бугарскиот министер без портфолио Петров дека “втора цел во програмата на Отечествениот фронт е унија на Бугарија и Југославија или како алтернатива балканска федерација вклучувајќи ја и Македонија како рамноправен партнер...“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На овие сили треба да се додадат девет баталјони на националната гарда, поголем број единици на жандармеријата и територијалната одбрана, а да не зборувам за военото воздухопловство, тенковите и борните коли што на сите нам добро ни е познато... за жал, ги немаме.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)