воздигне (св.)
Овде никогаш одново ќе биде јули: Дрвја со црвени плодови, Старичка што со недели чека да се воздигне За да си поразговара со својата сосетка на небесата, Ѕвезди во дланките на заспаните дечиња, Жени со набрекнати дојки легнати под сенка, Крикови на птици среде летната замаглина над ожнеаните полиња, Илјадници пеперутки скаменети во сенката на облакот, Српови расфрлени кај јазот, Црна сол врз изгорените костури на тревките И една девојка што полни ведро во бунарот За да му подаде студена вода на оној Утре што ќе следи на ова исто место Загледан во дрвјата со црвени плодови Овде некогаш одново ќе биде јули...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Не блескав нож ја воздигна неа на небесата – туку јас, самиот, пресоздавајќи се во Бог, зашто праобликот е мое исходиште па – вината да ја искачам горе е само моја.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Впрочем, да се идентификува BAD, да се биде секогаш на штрек, го овозможува задоволството човек да се чувствува жив во време кое „врие од разуздана празнина и ѓубре”. Fussell вели дека нештото кое очигледно е лошо не останува лошо за долго, бидејќи некој ќе се сети, и bad ќе се воздигне во BAD, ќе биде фалено насекаде како вредно, како посакувано.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Самото потпишување на било кој сериски произведен предмет за Duchamp беше доволно да го воздигне на ниво на уметничко дело.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во времето меѓу 1912. и 1914. година, кога детското сликарството и поезија се посматраа како рекапитулација на „хармонијата и чистотата на детската душа”, неопримитивизмот на Ларионов го воздигнуваше враќањето кон детството, следејќи го трендовски новиот приод.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Таа е единствената можност да се воздигнеш, да станеш голема, голема да те видат сите, сите на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- О, да знаете само колку сум почестена, воздигната до небото!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Благодатното тупотење на срцевото моторче ги потпалува искрите надолж и нашир, па кога чиниш умира, тоа пее, врие песната како од грло на неизгаслив вруток и ги воздигнува добрините.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Преку неа нашето самоуправно општество го воздгнуваше трудот на работникот покрај својата машина.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ни ветер се дигна над морето под небото
ни птиците се вратија, ни топлите времиња
ни јазикот се поднови, ни смислата
ни миговните богови збор зедоа ни загинаа
- предметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината да ги размножат
и душата да ми ја изнесат на видело
како разговор во акропол
та да не смее да биде сама
а да сака,
Но
мислата ми се воздигна
кога Го видов!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Притоа да оставиме трага на овоземните суштества, така и тие полесно да научат да се воздигнат и да не подлегнат на искушенијата кои се во изобилие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А во селото и околината луѓето не еднаш велеа: - Кога запева Фимка, сонцето некако појасно и потопло свети, појот нејзин ја грее душата, ја смирува лутината, аргатската мака ја олеснува, ги полни срцата со некакво таинствено блаженство и замајување, маѓепсува, скротува, смирува, зближува, воздигнува и возвишува, а чучулигите губат лет во висина и славеите замолкнуваат, слушаат и љубоморат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)