возбуда (ж.)
Од мртвенски сништа тие ќе ве будат вас, јунаци смели, со песна и смешка, со гороцвет кревок, со цвеќа ве нудат, што лежите вие во гробнина тешка. Bo избрана куќа сте легнати тука на вишина свежа, и зелена, студна, и бескраен поглед насекаде пука и успива душа во возбуда чудна.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Симка поминува часови во нестрплива возбуда, мислејќи на Костадиновото враќање)
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Се согласив и појдов со нив очекувајќи ја оваа голема акција со возбуда. Па... станував Црн брат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Одев полека, со некаква возбуда претчувствувајќи ја границата помеѓу злото и доброто.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Илко ја гледа неа, таа него, но од возбуда и среќа не можат збор да испуштат од уста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Оној тогаш уби мирно, без возбуда, со окови на мртвите крилја, влезе во црниот затворен автомобил.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Вечерта се врати не вртејќи го лицето кон ќерка си, побара вода; пред да ја крене стомната, полека и без возбуда, како да соопштува нешто што таа го знае, рече: - Нека е со среќа. Андон те бара за снаа. ***
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Везирот го викна кај него, му рече да го симне турбанот и со голема возбуда му рече да застане до Анѓа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој не можеше да се воздржи од возбуда и просто зарева: – Анѓо?!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Истиот ден, околу два часот по полноќ, не можејќи од возбуда да склопи очи и да заспие, Панде го разбуди анџијата, кој ’ркаше како некој стар, со години неподмачкан чекрк, истркалан малу подалеку од него на сеното, под скалата, до вратата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во неговиот глас немаше возбуда.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Отец Симеон гледаше со иста рамнодушност; дури ни во гласот не можеше да му се открие возбуда. „Смешно е, докторе, да верувате дека сум луд.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Панде премале од возбуда. „Таа е...“ - го обзеде неискажливо блажено чувство.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Арсо блада, загубен во својата нездрава возбуда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Оваа иста возбуда пак му ја пламнуваше главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се подигнуваше Арсо на прсти и многу сакаше да го види сега во таа необична возбуда. Изгледа долго време триумфираше Алија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но стравот и возбудата кучешки ме гонеше и сѐ повеќе грабев од стапалките на оние што трчаа пред мене.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Неговата возбуда и радост беа големи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Потоа погледна во мене. Во очите ѝ се читаше возбуда, а мене ми се чинеше дека од нив наеднаш искрат барем илјада прашања.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)