внатрешност (ж.)
А тоа „помалку нешто" беше интернирање во внатрешноста на царството: да не им мател вода по Мариово, да можат тие слободно да вршат што сакаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога започнува да копа под неа и главата му се наклонува и притисокот во градите студено се разнесува во неговата внатрешност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Земјата се раскинува во својата внатрешност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од внатрешноста на зградата јурнуваше карање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нивната бела, мека игра во прозорецот се менуваше со една чудна волшебност пред Змејковиот поглед; таа беше исто онака скокотлива и прекрасна, како кога беше помлад и кога неговиот малечок син Јовко, уште додека не беше заоден, ќе го допреше со своите малечки прстиња по лицето и ќе земеше да ги префаќа неговите усни, носот, а тој од тоа не се смееше на глас, она беше многу посилно од смеата, му се разлеваше по целото тело, по сета негова кожа и по секое делче од неговата внатрешност, како некоја чудна миризлива растрепереност, престорувајќи го целиот во една единствена черешнова гранка, преполна со бели меки цутови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
XVIII. Мислеше на својот Брат. Тоа сега му ја исполни сета негова темна внатрешност и зрачеше некаков живот во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Многу потешко се ослободуваше од она проклето, тивко чмаење, всадено во сета негова внатрешност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ќе мораме да се прибереме во внатрешноста да видиме што ќе стане.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Внатрешноста на црквата е посебен монумент - фреските, сликита, склуптурите... Акустичноста е совршена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од секаде се слушаше мајчиниот јазик и тоа создаваше домашна атмосфера во експресот, како тој да ги сечеше австриските Алпи и широките рамници посеани со фабрики од Салцбруг кон внатрешноста на Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се спуштав во подрумот, го отворав сандакот, со она слатко чувство на таинственост и по којзнае кој пат, пребирав по неговата внатрешност.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Леплива, густа вода ја исполнува сосема мојата внатрешност, и се прелева, се пробива низ порите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Убеден си дека се непрегледни, а штом надојде ноќта: небото налегнува, ги обгрнува, ги запленува - и почвата, и водите – во внатрешноста на огромниот балон од ѕвездена сапуница.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Големото тркало со шуплива внатрешност кадешто Боб ќе живее шест или осум месеци, тргнувајќи потоа кон месечината.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Не можам сепак да не забележам како оние што ги величаат овие поглавја повторно величаат само една алка сред романсиерската традиција, во внатрешноста на познатото и правоверно подрачје.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Филмот открива една голема илузија на кружни движења и идеалистички желби, поттикнати и нерешливи од внатрешноста на набљудувачот, а сепак се негира додека ја навредува и умножува фрустрацијата на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Размената на книжевните форми и идеи треба да стави точка на оној тип на живот во кој самодоволноста беше апсолут и во кој сѐ доаѓаше од внатрешноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)