внатрешнина (ж.)
Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Ги стегнав забите од болка, си ја клупчев внатрешнината од гадливост.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Веќе сум уверен дека тој токму во моментите на таквата моја замолчаност му се посветува на она негово упорно копање низ внатрешнината на моите помисли и тоа само со сврдлињата на сивите како челик очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)