вкус (м.)
Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Крвта има вкус на превриено грозје и полна е со трепетливи ѕвезди.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Бесмислен вкус.“ „Што тоа? “ праша. „Ликеров. Со таков пијалок не се враќа славата на Цезар. Чао.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги развлече усните и почувствува под јазикот вкус на смола. не знаеше дека само со едната страна на лицето се смее зашто се изнасилуваше да најде отпор, да се охрабри или да разбуди страв во себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Без блиски, без жени. И без ракија - зашто нејзиниот вкус потсетуваше на една недалечна смрт.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ова е за твое добро, Исусе.“ Отец Симеон опцу со разлеана крв во устата бессилен да се извлече од клопката. Јазикот му го жежеше опор вкус на ’рѓа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие сосем не се по мојот вкус, ниту по моралниот вкус на нашата организација.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Беше едно мирно срнче во неговата одајка, а тоа траеше сè додека таа тупаница живот не го сети вкусот на солта. Тогаш тоа скокна.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не мислеше сега веќе на ништо друго, тој малечок бегалец од дивината, за него постоеше само вкусот на дланката на човекот, тој продолжи само да лиже и да фрцка со своето кусо опавче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Па, па... - почна да пелтечи. - Па што, па? - Па има вкус на млеко... Хм, може да се јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Утредента еден од офицерите дојде в село кај Полин со уште неколку војници да ги видат растенијата како изгледаат, каква форма имаат, боја, мирис, вкус.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Наскоро потоа се донесоа некои нови предмети од Вера и постепено во куќата сѐ стануваше наредено по нејзин вкус.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Облачно претпладне во јули. Вкус на пепелта лета низ воздухот; - мирис на дрво што се поти на огништето, - натопени цвеќиња, - опустошени шеталишта, - зошто веќе да не дојдат играчките и темјанот? “, ќе наслика Рембо во неговите „Изреки“ и ќе продолжи: „сум оптегнал јажиња од камбанарија до камбанарија; венци од прозорец до прозорец; Златни синџири од ѕвезда до ѕвезда, и играм“.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во устата почувствува вкус на горчлива семка од кајсија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сетив благ вкус на јазикот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
шумот на ветерот или како драматичниот гурманолет станува историја ... кога водачот јавнат на столица пеејќи борбени песни за ноќните коњаници место следбеници слуша еребици зошто одамна не каснал дивеч туку мора секојдневно да џвака леб сирење и пржени пиперки кога сиот озарен довикува да ги стават во сос со кнедли тие следбенициите веќе сто и еден ден пред портата (тука водачот слуша торта и се облизнува над единствениот вкус на детството)во секој зрак што се одбива од полуразурната куќа на старецот откриваат нов збор а оној меѓу нив што го одредија да ја пренесува светлината занесен го носи сонцето во сонот и во здивот што го топли како со него да дишат далечните претходници...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Земајќи парче од располовеното јаболко,таа го гризна, и предадена во прегратката на момчето, за прв пат го сети вкусот на хазардот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
За сѐ беше крива жената од купето. Откако внимателно го разоткри плодот, таа со љупка насмевка му ја подаде бананата. Вкусот беше извонреден.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)