вит (прид.)

1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во подножјето на Беласица ја извиваше веќе својата вита снага каналот, грмеа експлозиите на последните мини.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа дрво како да беше само за него порастено толку ниско, тука, меѓу сите други вити и извишени стебла наоколу, на кои не можеше ни да помисли да се искачува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја гледаше како се просребрува, иссвирувајќи пргаво низ дебелиот трупец, ја гледаше како тоне во неговата длабочина, сѐ додека не можеше да ја префрли преку себе првата вита штица, што ја извади; можеше притоа многу лесно, со сите примитивни лостови, од кои беше самоделски направен целиот тезгав пред него, уште во првиот следен миг да ги упати замавнувањата на таа подивена челична стихија во она место од трупецот, каде што му беше потребно нему, а пилата го послуша и писна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сите видовме убава, вита девојка, наша девојка, автоматичар и носител на орден за храброст.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Една солза истркалај се, а друга тргни. „За тебе излегуваат и сонцето и ѕвездите, за твојата вита става на секој чекор се зборува.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам млада, вита жена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На витите палми зрее овошје прелиено со мед.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двосмислена е: вита балерина со лице на старица, или дебела жена од пазарот што зборува милозвучно како самовилска мајка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Работев цело утро“, рече таа, ставајќи ги рацете на своите вити слабини, „а ти не сакаш да помогнеш? Грми, значи, ќе врне.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што вреди што ми велат дека имам убави, долги и вити нозе како создадени за носење мини здолништа, кога моето огледало јасно и гласно кажува: „Бреза, твоите нозе се криви и немој случајно да си помислила да ги покажуваш”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Испружен на грб ременот на панталоните и јазлите на кондурите одврзани очи замижани раце прекрстени една врз друга на стомакот и едно вито, бело стебленце извишено покрај мене како свешта над глава. Како помрачен вежбам некаква смрт.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Просторот бил опкружен со високи вити палми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзиното вито, запалено тело кое копнееше по неговите левантски здивови и страсти, и по медитеранските бранови и пени, со топлите ветрови што дуваат на пустините, базарите и топлото море на Блискиот Исток, со еден збор страста со кои Леон силно ја милуваше, ја преплавуваше и во која потоа и самиот длабоко се нурнуваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој замижа и ја виде неа како му се дава на другиот маж, нејзиното вито тело му ја предаваше својата белина и еластичност на другото тело, нему му ја даде сета префинетост, која тој ја сметаше само своја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш тој, во својата душа, знаеше дека таа беше во собата, и тогаш во темната месечева светлина, што се процедуваше низ пердињата, ја виде неа како жива слика, го виде нејзиното убаво бледо лице, дебелиот кок руса коса, и начинот на кој го движеше своето вито тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Четврти предзнак Неж пречека тврдина камена, воздух ладен, вода бистра низ камења и водопади што лие, и монах чуден, кој роба долга мене ми даде, да скријам нозе и става вита.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Целата таа моја фигура, која во еден момент изгледа толку вито и сексапилно, заводливо, наеднаш се претвора во непривлечно тело.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)