визита ж.
визитација ж.

визита (ж.)

Ги покани на визита, на по една ракија, по едно кафе; денот им е на каурите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Кој од вас овдеки комита, бре ердули? — намрштено се провикна Арслан и ги измери домаќините на селото кај кои толкупати имаше правено визити и јадено кокошки и алви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И иди пак визитата со црвени крстови, и пак се растура мирис од јод и од ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. Дојде визита и главниот лекар ќе ме праша: — Од каде сте, другарке? — Од Костурско, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чуствувам дека сакам да се потсетам колку време од сите тие визити поарчив трудејќи се да си одговорам на ова прашање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А она што се однесува до спомнатата визита само да додадам: вознемиреноста и збунетоста не ми се зголеми поради оваа обврска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или Грофот го има оценето како дрско моето барање да ги именува причините поради кои морам да учествувам во овие срамни визити?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наскоро се очекуваше визитата на султанот, па Мехмед-паша имаше намера да се пофали со делата на својата верност кон Падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Еее, сега ми стана јасно зашто у официјална визита не се дојдени ни Бате Чире, ни Тхе Ред Бане, а нема да дојде ни Хорхе Ивано. Нема кој да ги пречека.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Внатрешната температура се мери анално. Визитата е задолжителна.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тогаш земам боледување и останувам овде да чекам зад врата со скратена двоцевка да видам кој ти прави тебе визити рано насабајле. Dixi.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во тој миг на утринската визита се појави младиот началник на Пулмолошкото одделение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Треба да причекаме до утре за резултатите. По визитата може да си замине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека да помине визитата Рада ја напушти болничката соба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)