вивне (св.)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
А вие, клети ајдуци, од огин раци дрпнавте, пламенот уште не вивнал, и се во дворци прибравте.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Вивна пламен и ја осветли куќарката, та се виде постелата на машкиот кат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Прострелај ме, па сѐ нека стивне без расудок, без празно умување, и блесокот на тоа лудување, само твојот блесок нека вивне.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Напаѓа жарје и пуза по покривачите што беа повеќе од трска и штици, и, дури да се забележи пожарот, чаршијата вивна во пламен. Му кажаа на кадијата за случајов; тој нареди да се гаси пожарот, а само длабоко се замисли: Ама пис милет, анани... ана!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Го познаваше како својата дланка тој заплиснат челичен порој, тој незадржливо вивнат струеж, ја знаеше најмногу таква, дива, а сепак скротена, спитомена, многу често ја имаше во своите раце и владееше со неа како што ќе посакаше, крај неа се чувствуваше како да беше јавнат на некој разигран бинек, што корне искри со копитата, вивнат суза а мирен, и ја сакаше најмногу заради таа нејзина незаздишеност, заради таа сигурност, постојано во некој лет, секогаш, со секое ново движење, сѐ со по некој нов писок, на кој што ни еднаш не е возможно да свикнеш и да ти биде обичен, бидејќи тоа е нејзиниот говор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И како притоа се белеат неговите заби, вивнати во таа безнадежна празна темница.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пред Змејковиот прозорец продолжува игралито да потреперуваат и да се колебаат дали да паднат на земјата, или пак да се вивнат нагоре, божем одбирајќи го местото за своето слетување, тие немирни водушести снежинки, што надоаѓаа озгора во роеви-роеви и носеа сонливост и чмаење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се истурија во варницата и вивнаа заедно со оние изрешетани трупје што толку се надеваа и ги приготвуваа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некој Јанко, речиси - во оган вивнува, по кадрите на некоја Вера заљубено воздивнува: - Презрели ѕвезди со дланка барам. Меѓу сите Вери ти си најкадравата Вера!
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Па март штом ќе стапне со мирис на лето полето ќе вивне в зеленило сето.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- А зошто да не? - гласно рече, а во очите му вивна пламенче на решителност, на цврстина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Вивна висок пламен. Кругот на светлината се рашири.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стана и го запали огнот. Но при првото вивнување на пламенчето колибата се исполни со чад.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе се вивне некој полски нужник и ти знаеш дека фитилот го држи некој човек, чоловек, женшина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вивнаа хартиите на жарта, запапотеа ќунците нагоре, ќе ја кренат печката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе вивне и после нема ништо...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)