вереник (м.)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И мојот вереник беше затворен... Лежеше неколку години.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Елена беше разбрала дека Марија, набргу откако се сретнаа и ѝ го претстави вереникот, Германецот, се омажила со него и заминала да живее во странство.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во меѓувреме Алегра со мајка ѝ ја посетуваа Бенвениста, а во раните квечерини речиси редовно свраќаше и во дуќанот на вереникот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)