вегетација (ж.)
Зелената вегетација за момент го пренесува човек во мислите среде лето, иако јануарскиот студ ја вкочанил природата и вегетацијата надвор од стаклените покриви.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
СОФИЈА, речиси милионска, е расположена на падините на питомата Витоша, на „најшумовитата“ планина, чие зеленило, чија вегетација се спуштила долу во полето на благите падини - во Софија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Просторот, пак, што го оградува Потковицата, иако е замјиштето истородно со она во цела Пелагонија, алувијално, во многу нешто, во однос на конфигурацијата и вегетацијата, е поразличен од сите слични во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во неговата татковина, храмовите и домовите се ниски, отворени, засолнети во бујната вегетација на парковите.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зимата е време кога тие мируваат, односно, се подготвуваат за пролетна вегетација и цветање.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се раѓа вегетација која успева на посебен начин, сама од себе развивајќи се интелигентно со своите убавини.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ридовите на градот кријат за тебе непозната вегетација, а парковите лачат дразби на коишто немаш одговор.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Едноставниот мебел контрастираше со барокната вегетација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кети беше вистинска свештеничка во некои примитивни тајни поврзани со земјата и со вегетацијата, и Рози, додека ја обработуваше почвата, реагираше на чувствата на земјата која секогаш комуницираше со оној што ја обработуваше со љубов.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зелените ливади зад кои се протегаа шуми беа од трите страни на селото, а од четвртата високо кон небо се издигаа големи карпи и цело едно брдо без никаква вегетација.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)