вброи св.

вброи (св.)

Во 1903 се вбројуваше меѓу активните публицисти од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Систем на писмо, вброен во фонографијата, со знаци на писмото што прикажуваат определени лексеми од конкретниот јазик се определува како логографски систем и одделниот знак на тој систем е логограм.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Боже, дали ако таа знаеше, дека и Хелвиг ќе се вброи во нив, ќе се нареди од таа страна на таборот и тоа ќе значи крај на нивната врска, нивната љубов, нивниот заеднички живот...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Езерото во 1979 беше вброено во светското наследство од страна на УНЕСКО.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Понекогаш мислам дека тоа треба да се вброи во некој вид душевно заболување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, драги Асенета или Аристине, љубовната напивка што овде се нуди ќе можете да ја искористите само ако поминете низ извесна иницијација, односно, ако успеете да се вброите меѓу јунаците на оваа приказна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа го вбројуваше во побитните членови на секретаријатот и донекаде го пласираше во повисоките ешалони на локалната власт.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Причината поради која Татко го доведе Камилски во оваа џамија била некогашната библиотека на медресата која била во состав на џамијата, којашто како по бројот на книгите, така и по нивната разновидност се вбројувала меѓу најголемите библиотеки во XV век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко јасно сакаше да покаже, оправдувајќи ги своите подлабоки мотиви во проектот, дека и тој би можел да се вброи во традицијата на балканските и посебно албанските интелектуалци, дека на Балканот постои и една друга голема култура на луѓе кои црпеле како од европската западна култура, така и од источната исламска култура која ќе ја донесат Османлиите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дали тие требаше да се вбројат во редот на интелектуалните јаничари, јаничарите по перо, дали со тоа беше исцрпено значењето на јаничарството, беа прашања коишто не престануваа да го мачат Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)