вари (несв.)
Чув дека си варел тазе комовица... Ти знаеш, колку сум мераклија.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Еве Митрејца кладе костење да се варат.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Божем, што рече Василка „месото ќе му го вари“.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Барем да можев некако да се изгубам од тој задушен казан во кој се варат луѓето, нивните страсти, маки и пакости.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кога беше намислил да служи литургија, не вареше кафе, оти пред литургија не дозволуваат каноните ништо в уста да се кладе, та дури и тутунец не смееше да си го наполни луленцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа е огништето каде што се вали оган, пече леб, погачи, булиња, се вари манџа, топли вода и каде што во зимните студени дни се греат домашните на пламенот и жарот од сувите дабови и букови дрва.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Утрото порано Митра веќе беше го обесила месарникот со вода на верушките за да ги измие ваганките, лажиците, тепциите и грнето во кое се вареше петелот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Па да не му вариме манџа, - налутено извика некое од нив.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Јасно! Тој само го поткреваше капакот на тенџерето во кое се вареше јадењето.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Ќе вариме ручек, ако? - Ако. А за кого? - А за кого варат нашите мајки? За нас!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ручекот се вари на шпоретот и ја исполнува собата со миризба што предизвикува силен апетит.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- На горниот крај од огништето, меѓу два камења, вареше грнче со грав.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Денеска мајка ми и ориз ѝ вари.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Како и дедо ми: ако треба за стомак, вари: коњски босилок, суви дренки, шипинки, лисја од коприви, пелин...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во Бугарија се вареле компоти од сливи, во Индија се собирал кокос.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
На Чук Нам во Македонија во најголем казан му вареле јанија, во Србија ќебапи печеле, а од замаглената Британија со вагони бивтеци влечеле.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чадот го потсети на компирите што се варат, па забрза кон колибата. Со виљушка боцна во еден од компирите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За тоа време и Денко се врати, а на огнот меѓу двата шатора веќе се вареше пресното млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Урна од таванот лански ореви, на огниште стави да се варат ошавки од круши и јаболки, некаде најде чинија летни јаболчиња, жолти и слатки.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)