буржуј (м.)
Сѐ е таму кажано... Класна борба, а буржујот и поповите лажат.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мислат дека сѐ што ќе дофатат станува нивна сопственост. Вистински буржуи!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На она буржуи не му обратив никакво внимание бидејќи знаев дека го има спечелено на работното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
КЛАУС: Имате право. Јас сум буржуј. Отсекогаш сум бил. И не се срамам од тоа.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Метакот беше трн во око и на младите црвени буржујчиња кои глумеа бунтовност, а живееја во станови од 120 квадрати.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Купена младина изигрува бунт кај чичко Сорос седнува в скут црвени буржуи полни со пара знамиња веат со Чегевара Масони демнат чип да ни стават ренген на улица на глава да прават болести нови наскоро следат на чело рогови нас да ни зденат „Божји“ главатари мерцедес возат пред нив сиромашни во црквите просат целата нација во духовен колапс Господе и правдата преживува пораз
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
А јас, како некаков мисир, како некаков ушлест буржуј, се врцкам околу неа и гугам: – Ако ви сака душата – велам – да каснете едно слатко, не стеснувајте се. Јас плаќам. – Мерси – вели.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)