букар м.

букар (м.)

— Убаво, убаво. Види шо поскури ти меси воа кучило! — продолжуваше Доста, покажувајќи ѝ ја поскурата, завиткана во новото цркварско цедилце, на Билјаровата снаа и други, кои што врвеа пред порта со букарите на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Си го симна букарот, го остави на ред, а Доста ги остави ѓумовите и застана крај Митра, срамежливо, како што ѝ прилега на млада невеста и тоа јабанџика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, не ми се поплака, токо од ка се врати откај тебе чупето, не се држи. Море пее, море скока, море шетка, место не го ваќа, ене го, го грабна букарот и крши лејка, по вода отиде, ако беше п'н букарот пресна вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари, самари, ама тие — полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Јас не признавам ни грнци, ни букари, и сакам мојот збор да се слуша! — провика утрото пак Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не толку заради што му се исуши устата од силна возбуда, туку и за да провери дали букарите навистина, легнати така еден до друг и завиткани во влажна `ржаница ја држат студена водата, побара да му дадат вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Човек уште во темни зори можеше да види купови садови за вода (стомни, букари, котли, лонци, грнци, кобли, тенеќии) околу чешмите и во дворовите на домаќинствата стопани на бунари со добра вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)