бувта несв.

бувта (несв.)

Бувтаат топови, татнежи в уши ријат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Врела пот го обли наеднаш, а срцето му бувташе до пукнување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едно време се кажа ״ јуриш“ и откако се изврши првиот пробив, артилеријата два дена и две ноќи само бувта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дење, ноќе ги слушаме топовите како бувтаат, грофтаат и ја тресат земјата, ја превртуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А таму, некаде, топовите само маваат, бувтаат. Ги слушаме како дондека. И земјата се цепи и се одѕива.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим никогаш не бил таму, но од други слушал дека воврен во спилата со отворено очи спиел, а ноќе - саноќ бувта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ама, тогаш пак почнав да кашлам, да бувтам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бувтаат едни на други со топови а меѓу нив ни дрвце ни поточе. Врел песок ништо друго.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така да се бувтам до вечерта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само лаењето на топовите, само нивното бувтање го слушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одејќи по звукот на зурлите и бувтањето на тапаните, дојдоа до куќата на Китан.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ветрот надвор бувташе во ѕидовите, во прозорците, застрашувачки свиреше низ мутлите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Преснина го милуваше, шумолеше долу одвај рекичето, а нему му бувтаа слепоочниците. Беше згорештен од виното.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој се бувта в гради и гледа наоколу, но таму сите се стопиле во темницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)