братоубиствен (прид.)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зашто за европскиот читател Балканот е, најчесто, синоним за конфликти, за братоубиствена омраза и за смртоносни разорувања.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го напуштив Балканот во времето на југословенските братоубиствени војни, но го носев со себе делот од неговите болки.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И нашите војни, без да се откриеме докрај кои сме, остануваат братоубиствени...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во времето кога Мајка ги дочитуваше Татковите и своите книги, посебно книгите за животот на Мајка Тереза, во северниот и во средишниот Балкан пламна братоубиствена војна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Инженерот Декостер сметаше дека неговата мисија ќе прерасне во парадигма во регионот, зашто Македонија ја сметаше за мирна земја, која го избегна големиот конфликt по братоубиствените војни на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше тоа воедно време кога започнуваше нејзиното оспорување, за да заврши во крвави братоубиствени уништувачки судири на довчерашната братска заедница на народи и народности!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не мина многу време од моето враќање од Тунис и државата Палестина, федерацијата Југославија која ја претставував започна да се распаѓа во повеќе држави по силни братоубиствени војни кои не ги познаваше повоената европска историја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Синовите и дијаболично се пресметуваа со својот татко со кого живееја речиси еден мал човечки живот, немоќни пред разулавената југословенска армија, која со изгубената политичка команда го започнуваше по некоја година смртоносниот братоубиствен марш...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Помрачени умови шират раздор наметнаа братоубиствена војна удри Господе безмилосно кон ѕверот и спаси ја оваа испоганета земја
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Татко стравуваше дека фанатизмот на чистењето на јазиците, насилното ослободување од туѓите зборови во јазиците, еден ден би можело да се префрли и на етничкото чистење на народите, стравуваше тоа да не се случи на Балканот и да дојде до невидени братоубиствени и истребувачки војни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Колку ли пати пресилните зборови биле причина за братоубиствени војни во балканската историја?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)