бојлер м.

бојлер (м.)

Зад нив, во осветлениот излог, блескаа телевизори, машини за перење, бојлери, дури и електрична гитара – избран предел за мамливи приказни, преполни со прижелкувани успеси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Славините течат. Бојлерот не работи. Сакав да го вклучам да се избањаш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
„Вака клекнувам на коленици еднаш неделно за да ти го исчистам бојлерчето, а што истекува од него? Калојна од газерот, тоа што преостанало, ако нешто останало.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И навистина: нов бетон долу, малтерисано, бојлер голем, чешма и туш, само тушот нема рачка, само цревце.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)