богати (несв.)
Џемал-ага се богати од својот страв и од стравот на другите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Вие умирате, а тие се богатат, вика, на вашата смрт се богатат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа се омажи таму со аир, откако отиде почнаа Илиевите уште повеќе да се богатат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Денес тие дебели капиталисти не се стеснуваат да тврдат дека било насилство и грев претресувањето на нивните визби и килери, а додека се богатеа…“ се перчеше тој.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Имено, една од главните причини за појавата на оваа криза е несразмерната распределба на профитот и богатењето на првите луѓе на големите светски компании.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И секој од нив на свој начин му ги објаснуваше кривовштините што ги прави државата (некои тоа го нарекуваа ненародниот систем) и му објаснуваа зошто народот е сиромашен, ненајаден и лошо облечен и дека сите треба да бидат еднакви, сите да имаат работа и плата, а не така како што е сега - ти работи, а некој друг да се богати и богато да живее.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)