блазе (изв.)
А тие кои имале грехови, пак се покајале, блазе на них! Они ќе да се со правите у рај.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Блазе си им анасана на граѓаните, тие ете тие живот поминуваат ја, а не како ние селаните ќе испукаме од горештина, пот да ни тече од челото како река.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Планинскиот живот е пеколен, браќа, и борба да водиш со тиранот — тешко, но блазе му којшто без зазор се враќа, до крајот да води сражение жешко.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Блазе си ви, велам вам присои ладни, што чувте кај грми на пушките екот, пет векови гласат премрежиња страдни, вик јуначки сега прогласува векот!
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Се спријателиле волкот и јагнето. Блазе му на јагнето...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Море моме, мало моме, Блазе си ти на душата Што си спиеш при мајка ти, При мајка ти, при татка ти.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНА: Их, блазе си ми, има да пеам, да скокам, да играм!... (Потскокнува од радост.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И ако не умрам дома туку кај што стии пиштат в борба искри кај што л'штат блазе, речи на душата - има зошто душа да е!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Блазе му на тоа девојче што ќе го земе, блазе!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Јас сум остарела со стројниклак, дури, кога не ќе бендисува, ќе те испрскаат со лоши зборови така што... да не можеш да ја најдеш вратата од која си влегла за да излезеш. Блазе...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
БАБА АНЧА: (сама). Уф, уф, уф, блазе на тој што ќе ја земе. Блазе и најблазе!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Блазе си му. Ногата ќе му пропаднеше низ мојата шупливост.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Блазе си ти на душата кога мислиш така за твојте деца. И шо е тоа лав дали ќе су а примнал?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Блазе си му на вашите што немаат бегови над главите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
ЛУКОВ: Блазе си ти. По свршената работа одново ќе се вратиш на Пирин, на својот Пирин, а ние ќе останеме... овде.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Блазе си му, кога е ваков, рече бригадирот Језекил.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
— Блазе си ви вам! — му рече Толе — живеете, значи, слободно?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Блазе си му, се спаси, вели едикојси од ранетите во колите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)