благородник м.

благородник (м.)

Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пајтонот, направен во Виена со тајно место за динамит, лажните руски благородници го оставаат бездруго на погрешно место, зашто по експолозијата, со која се прекинува шепотењето на некоја сура од Коранот, ни на крвавиот султан, најкрвав за Ерменците по ваквото утнување, ни на ичоганите, пашите, капудан-пашите, улемите и сите други големци не им се случува ништо; тие остануваат бледи, збунети и живи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако овие костими се хиперболични, анахрони и неконзистентни - зошто еден војвода од Милано би носел капа на венецијански гроф, или неаполски благородник би носел холандска наметка? - тие се метафорично делотворни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Благородниците и свештениците се задолжени за мислење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше движење кое - ако некој сѐ уште размислува на таков начин - потсетуваше на благородник, од осумнаесеттиот век кој ја нуди својата кутија со бурмут.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Им го посветувам на својата сопруга Соња, на синовите Жорж и Александар, на внуците Анте и Ирина и на возвишениот благородник, господинот Трифун Костовски; напати, кога откажува татковината, воскреснуваат нејзините личности.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Верувам дека се присетувате: станува збор за “Дубровничкиот зимија и благородник Никола Леко*, инаку долгогодишен трговец и почитуван жител на Скопје.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Постоеше ли некогаш некој трубадур кој бил третиран како благородник на некое од неговите талкања?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Руски писател, од татко Украинец (благородник) и мајка Русинка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)