благонаклонет (прид.)
Таа се користеше од неговата благонаклоност, живееше кај него, јадеше, пиеше издебело — што се вели, а сосем малку работеше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Драги мој! Верувам дека е рајот нешто пријатно, но сметам дека благонаклоноста на народот не е нешто помалку сакано и дека не се мами тој кој се жртвува за неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе се дрзнам само да го додадам моето понизно барање: Вашето Величество да го прими моето скромно дело со благонаклоност и да продолжи да му ја пружа својата пресветла Кралска милост на препонизниот и препослушниот слуга на Неговото Величество Авторот Лајпциг, 7-ми јули 1747. 18 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Фалејќи нѐ и благонаклоно повторувајќи го името наше, ти им го пикна во окото на нашите непријатели како спица, која сега ги боцка и ги јаде, па пред себе гледаат само крв, а во срцата свои носат само гнев кон нас...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Напротив, признанието дека нешто е камп самото по себе е признавање на сопствената подложност на камп-естетиката и на сопствената готовност да се учествува во заедница составена од тие што го имаат истиот благонаклонет однос кон грозниот предмет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Студентскиот весник објавуваше речовити благонаклонети уводници, а студентската организација едногласно донесе силна резолуција со која го поддржа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)