битен (прид.)
Татко ми беше задоволен од природниот и моќен ум на Чанга. Тој секогаш целеше кон битното.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Фактот дека едни гинат како Хрвати, други како Срби, а трети како Муслимани, по прашањето на смртта, се чини, не е многу битен.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа разновидност, без двоумење, ја препорачува лингвистичката интерпретација, зашто со себе го носи контрастното видување и го свртува вниманието на еден битен аспект - исклучиво пластичен или естетски аспект.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Постои, се разбира, уште една битна разлика.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Моќта беше Фоксовиот грал, битен дел на чистиот човеков талент, непренослива, заклучена во черепите на најдобрите светски научници - иноватори.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Секоја битна драма е неминовно „контаминирана” со политички контекст.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во текот на продолженото работно време тој врз себе го презеде управувањето со старечкиот дом и со пензионерките се однесуваше отмено пристојно, спроведувајќи во домот битни реформи и воведувајќи нови правила.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Доколку битните политички фактори го сфатат ова и дозволат канабисот слободно да вирее по полињата на гевгелиско и струмичко заедно со пиперките и доматите, тоа ќе биде крај на мизеријата и невработеноста на оваа истоштена и депресивна земја. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 44
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Придавката „хаотичен“ во употреба влегува дури на преминот од 17-иот во 18-иот век и долго е употребувана за одредување појави и процеси кои што не се во битна врска со бивствувачкото, барем не со она бивство со кое сметаа природните и општественонаучни (историски) онтолошки замисли.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
А таа, бидејќи е службеничка и работата не ѝ е премногу битна - таа сака да си доцни.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ако речам дека преку женскиот пол искусниот администратор може во секое време да ги дознае сите најтајни движења на потчинетите, веќе тоа ќе биде доволно да се докаже колку е битна оваа административна метода.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Духовната игра станува обележје на вистинската сувереност, европскиот свет треба да се обедини во игра, бидејќи силата за создавање групи е еден од битните елементи за создавање култура.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Бидејќи распоредот на книгите во библиотеката претставува една од битните теми во делата на Луан Старова, треба веднаш да се истакне дека неговите книги би можело со право да се вредат меѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Господ не пропуштил да им ја спомене на другарите и онаа многу битна поединост, дека сум се спротивставил на неговата намера слушнатиов разговор да го пријави.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нели густирањето е една од битните особини на нашето битисување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ова сакав да биде сфатено како приговор на неговото однесување бидејќи бев со впечаток дека него, за жал, некои битни моменти од моите искажувања го одминуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од тој разговор ќе спомнам само уште еден податок за кој и денес сметам дека беше битен за нашите подоцнежни односи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Обично Татко имаше иницијатива во битните работи во семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Животот ја беше научил Мајка да верува дека човечката среќа е составена од повеќе делови и дека нејзе секогаш ќе ѝ недостига еден дел, понекогаш можеби битниот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)