биртија (ж.)
Ќе заседне во некоја биртија и по трипати ќе се менува во денот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
БИРТИЈА. РЕЧИСИ ПРАЗНА. НА ЕДНА МАСА СЕДИ АНЃЕЛЕ. СРЕДНИ ГОДИНИ. ПИЕ ПИВО.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Има биртии со убава мастика, се сеќаваш оти само тоа пиев, имам и другари песнопојци, шегаџии, зулумџии.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пред некој ден пак ми се јавува залудниот баџанак, којшто очигледно фатил дебела бусија во некоја скопска биртија, па ме кани да му се придружам преку два континента.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)