биосфера (ж.)
Првиот чекор во таа насока веќе е направен: Политичката лабораторија на Биосферата и Партијата на животни (Куликовата партија) веќе две години успешно дејствуваат во Русија“ (Каталог Manifesta 1, Rotterdam 1996)
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кулик така е заговорник на нова агрокултурна револуција, која ќе донесе нова симбиоза помеѓу човекот и животното; тој сака да ја ограничи човечката популација на третина од сегашниот број за да се воспостави нова рамнотежа во биосферата; но, посебно, тој сака да ги поттикне истражувањата на психологијата на животните кои би резултирале со нов дијалог меѓу животните и човечките суштества.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)