бидува (несв.)
При сѐ што нејќеле да ја даваат без Силјана, арно ама откај зетот не чекале и друго чаре не бидувало: или ќе им ја даделе или ќе ја оставеле; на зортот згора, за да не ѝ го расипат касметот, стрексале да им ја дадат и друго ништо.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
ЈОРДАН: Бидува! (Стојче веднаш истрчува да разгласи на другарките од Симка за нејзината свршувачка).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Ич што не бидува работа! Мома без ред каде се давала?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Нема фајда! Водата вино не бидува!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ПАНДЕ: Не реков да го вратат, не сум разија, ама сешто бидува.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
— He бидуа татко, не бидуа! — излезе Крчо отворено, — Ако беше арна Анѓа, ти не бегаше од неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море, кажете си го алот побратиме, та ваа се виде шо се виде! Co м'чење нишчо не бидуа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ајде, братко, помогаи си и бог да ти помогне. Со скрстени раце нишчо не бидуа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Нему му се смачи молчењето на деда Бошка и му свика: - Кажувај де: бидуваш или не?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Не знам, - рече Најдо гледајќи пред себе. – само ти кажувам да се имаш на умот, зашто сѐ бидува.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ми бидуваш ли? – отворено праша Луман и му се загледа на деда Бошка јатак да биде не сакаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ете затоа овие селани ја дочекаа и пладнината, та како што бидува обично кога човек има нужда, почнаа да ја продаваат стоката пошто-зошто, само и само да однесат некој и друг грош в село и да ја свршат оваа важна селска работа со Селим-бег.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Прашањево пак ги заплаши и пак писнаа во еден глас. – Co плачење ништо не бидува, туку ајде да му се молиме да нѐ пуштат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
После да се измери и да се закачат колчиња и дури потоа да се почне со работа. Без да мине главниот турски инженер, ништо не бидува.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Така повредената нога бидуваше зацврстена да не се движи, да не се мрда, за да може да зарасне.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
8. ОД СЕКОЕ ДРВО НЕ БИДУВА СВИРКА - пред оваа разновидност се симиња капа: зар само свирки да трештат во циркус, некое од дрвата ќе треба и за тапан...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Само за говори ве бидува, за пароли, за мамење. Таму да ве видам, на линијата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во секој таков лов, по неколку кучиња од жителите на Потковицата бидуваа убиени.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)