бигор (м.)

Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А дали се пеело со бигор, со катран во срцето, ама ете - не смееш да плачеш...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се заморив од летот и светот, Нема што да сетам, нема што да видам Стигнав бигор - паметник да бидам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И пак Татарот се обидел да го повлече кон коритото од делкан бигор. Еднаш и двапати.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со денови патуваме по Македонија. И сѐ е логично: билките, бигорот, плодовите, птиците, луѓето.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Чувствувајќи во утробата некакво валчесто издолжен бигор, врел и поврел од крвта и со свој крак низ целиот душник, болниот ја барал со тврд показалец жилата меѓу своите очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од своето камено гнездо, колку куќа толку кула, без жени и без слуги но со белези што го покажуваат дури и умирањето на бигорот, Селџик-бег ја пречекал мулазимовата заповед со крвави очи и со пушка в раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што било кадро да застане на нозе влечело однегде и делкало со секири и со тесли бигор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но - што? И Иса-беговата џамија, подигната од син му, по смртта на Иса-бег на Лебното поле, како негова задужбина, и таа џамија беше убава, изградена од делкан бигор и редици тули: две од куполите ѝ беа покриени со олово, а имаше и трем со столбови врз кои стоеја помали куполи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа се идеални услови за создавање бигори, камења и друг вид варовни наслојки по ѕидовите на неговите органи, по дамарите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Бигорот што му го беа оставиле овие мисли и ова страдање можеше да се насети по зграгорениот, вџасен поглед на неговите светли, продорни очи, по бледото, испиено лице, по предвреме побелената разбушавена брада.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако останам, двете ќе си плачеме... бигори ќе пластиме...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)