бериќет (м.)
Кај што си оди жив и здрав да си стигне, бериќет да го чека.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ете, и сам слушна оти ваа година бериќетот е слаб, не се роди, та да беше како од годините и шестотини да ти дадеме, токо не собираме, та ќе се страмиме.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така треба. Ако се пофалат со бериќетот пред спаијата, таман работа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сулоага, со ќуркот на едното рамо, чибук од половина метро в уста, едвај го лапа ќилибарот, се шетка и прави муабет, де со еден, де со друг чорбаџија Распрашува за дома, за деца, за стока и за бериќетот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
II Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена Елате Да се збереме да се видиме Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ние работиме, се мачиме: пот од нас тече, сонце врело нѐ пече, а Салим-бег го збира бериќетот. Тој коли, тој беси.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Ех, - рече Проедросот. - Знам дека си имаш работа, бериќетот се бери сега.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сега се берат пченките, гравот, се откопуваат компири, целиот бериќет се бере.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Виде што бериќет, машала, овој година ќе дадит?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Преданијата велат дека вулканот потекнува од змеј. Во старо време имало некој змеј што правел големи пакости на селото, на луѓето; им го јадел бериќетот и им ги земал најубавите девојки за жени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Брадарите се чуваа во гостинските одаи, сѐ додека сами од себе не се растуреа, а крчмарката, за среќа и бериќет, од главата на домаќинството добиваше на подарок огледало, белило и црвило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Бабини, домаќинот е бериќет. Од Бога ни е пратен. Да не е тој, ќе немаме што да јадеме...“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Сега бериќетот има значење и постигања во учењето и на работното место.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Навистина Симон“, рече едно време Коте Буџе, божем ништо не знае и ништо не чул, „навистина“, рече, „кога ќе почнеме со бунарот, да е за бериќет?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Не е ретко, вели бегу, по собирањето на годишниот бериќет, ќајата на чифчиите да им одзема и од оној дел што ним им припаѓа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ќе направи лозарска јанија, рече, таква манџа отсекогаш сркале гроздоберачите - се прави таа со овчко месо и разен зарзават, а се залева со минатогодишното вино, со истото тоа вино со кое се попрскуваат и лозите и се благословува за поголем бериќет догодина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сполај Богу, вели, земјата е плодна и бериќетот го откупува државата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)