белка ж.

белка (ж.)

Неизбричен, начичкан со сиви, остри игли, тој гледа само со белките на очите во моите боси нозе и безгласно ја отвора големата уста. Небаре е нем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Белките на нејзините гипсени очи слепо ме меркаа и јас се почувствував беден и непотребен на овој свет.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го видов како стои пред огледалото, загледан со белките на очите кон себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност, едната клепка ѝ беше сѐ уште подотворена и од белката ѝ излегуваше една студена светлинка во која се гледаше сиот грешен свет со кој беше се сретнала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наопаку ќе те насмее, Јоше, велат жените, и со свртени белки ќе те успие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ох, ослепувам, - имаше на едно место во составот и јас, шутракот, толку природно сум ги превртел очите, белките да ми ги исполнат очните дупки, та кутриот Трифун Трифуноски да ти помисли оти е свршено со мојот вид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И некоја влажна кошулка почна да му се слекува преку белките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа видовме дека ја удрија и неа: ја ошеврати главата и ги заврте белките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да оживувале старо заборавено оро на пагани што се игра по такт на крици и извици, се доближувале со челата додека се спуштале на коленици, и едниот и другиот со разголени заби и со блесок на модри белки под стиснатите веѓи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка ми веднаш се замеша: – Белка, да ни е вечно бел денот, ни дојде како божји дар, Сталинка ни дојде кога го родив последново чедо. Ми изумреа повеќе деца...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Својата слечена жолтокожност ја оставив висната на чивилукот во собата 43, во скопската Воена болница. (Жолтилото го задржав само во песните и во белките.) Утревечер заедно со мојот втор живот скромно ќе си ја прославам Старата Нова Година.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Можеше да ја види целата белка околу ирисот во очите на Џулија. Нејзиното лице стана млечно жолто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ботаниката е заменета со зоологија, а професорот е истиот : долгообраз, жолтеникав (може поради костумот), очи големи, испакнати, белките на сите страни разлеани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Белките му се огромни бидејќи додека потклекнува очите му се свртени кон карпите што се надвеснати над неговата глава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ти Воин зол со молњи во белките што негде под срцето на оваа црна страдница добрината ја закопа, на овој брег што својот молк го посади а крик израсте; Ќе извикам безгласно ако е вик молчењето Воинот загина, тој злочест Воин, Житијата само останаа….
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Некаде помеѓу белката и жолчката на космичкото јајце, пулсираше живиот човек, со огромен потенцијал од битија, во зачнување, но никој не беше моќен да досегне до лушпата, уште помалку, надвор од маргините на космичкото јајце, надвор од моќната обвивка на Земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе