белег (м.)
МАРА: Дробен и сув! А на ногата има белег!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Нема три Македонии, една е Македонија, и таа Македонија, досега разделуена од империалистите, има свој јазик, обичаи, економска поврзаност, историја, територија, ги има петте белега, и денес се оформуе в нова и млада нација.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Ги склопив очите. И пред да потонам в сон, знаев дека на челото ќе ми остане длабок белег од срча на скршената ламба.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Прстите ноќе го бараа тој белег, беа немирни, играа со оган, и не беа прсти туку, пет, сто, повеќе сетила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Имаше белег над очи, остра бразда од бајонет, едноставно прикажуваше, наведнат над планинскиот оган.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сепак ти си умирал, ти знаеш што е тоа смрт, раснеше белегот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не, тоа беше внатрешна потсмешливост, безмислена и смрзната, а од неа во него остана длабок белег.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не е доволно? Добро. Од тој белег прстите тешко се делеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Та покусата нога на оној и не се познавала толку многу, била само белег, по кој сите други ловци од селото во тоа одамнешно време можеле да ги распознаваат неговите стапалки во снегот додека излегувале во утрините од селото и да знаат дека тука, пред нив, порано од нив, поминал тој - па човече, ене ја онаа негова патрива нога.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Уште оддалеку удира смрад на коњски белеги и гнилеж.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Што признава овој заумен белег на челото, на коската, ова изгаснато огниште, овој избледен ракопис на нечија мисла, Што сака да каже овој скаменет глас?
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Точно ова чувство според мене, е еден од заедничките белези и на поетската постапка на македонскиот творец.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Пред портите на својот дом Врз кои е врежан белег на некој Далечен век тој стои сам и гледа јато пеперутки прошетува низ молитвата што ја пеат изгорените билки во дворот и ја понесуваат нагоре.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Со Солун како да се судриле Ориентот и Западот, па овој белег е присутен на секој чекор, преку бројните ахчилници, ориенталските слатки, а најмногу во старата чаршија, на дното од прочуената европска солунска улица „Цимиски“, каде што уште во еден агол сѐ стои така, како што било уште во „турско“ - стари дуќани и магазини со ќепенци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Темноцрнопурестите Алжирци и Тунижани и луѓе од други народности од некогашните француски колонии се вистинските господари на „Пигал“, од каде Французинот бега за да не му се прилепи срамен белег...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ваквиот развој на Штудгард оставил посебни белези.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Втисни белег во нутрините на нејзината мекост.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Најнапред мора да се потсетиме на фактот дека времето за кое зборува Чинго е по многу свои белези слично на времето што го преживува Русија во текот на Првата светска војна, Револуцијата и контрареволуционерните напади врз неа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)