безрезервно (прил.)
После таа теза на Ласиќ веќе ниедна национална културна величина не заслужува безрезервно почитување, како што ни најмалата слабост или глупост дури и на најугледните не смее да има право на милост.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Притоа безрезервно се велича големината на народниот гениј, особено во партиските сфаќања на уметноста и нејзината служба во народот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ним не треба безрезервно да им веруваш“ беше нејзиниот заклучок во врска со однесувањето на тој војник на бел коњ.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па шеретски се смешка и ми прогледува низ прсти како мангуп зашто и Бог е само човек и, бидејќи беше – не беше кога ми требаше, сега и мене и на сличните на мене безрезервно ни ги напојува батериите, па дури и кога меѓу две тесни здолништа не можам да одлучам, како да го слушам него и неговата поддршка за оваа, во левата рака, со повисокиот шлиц.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сопатник на кој својата позитивна духовна енергија безрезервно му ја даруваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)