безмалку (прил.)
Знаеше дека е најтешко да се изддржи тоа, што во тој глас можеше да се сети, безмалку да се види, како волкот ја отвора устата, како грчот во празниот стомак му ја исправа главата, оптегнувајќи му го гркленот до крајната возможна граница на еластичноста и како секој мускул на него станува потврд од дрво, сув и истенчен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа беше законот на неговиот живот, иако тој го разбираше и безмалу веќе чиниш го сакаше како некое старо познанство во оваа своја приклештеност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ама не би многу време и крвта му се крена, му оживе, му се свапери. И почна да се качува по војниците. Голи војниците, безмалку, се сите исти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со неа, со Латинска Црква, и со одржувањето нејзино беше врзан еден обичај, безмалку пагански.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но таквиот, неблагодарен слушател, за вратка брзо ќе си чуе дека е бујца, односно овци со булка над челото, најглупава што може да биде, која од ништо не се одбира, безмалку и брлива, и која се двои од стадото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Безмалу цела година кај што не сме видени.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Или така ми се чини дека се соголени дрвјата, безмалку мртви.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Големото Стакло“ очигледно претставува нешто, иако не е јасно што, ниту до која мерка тоа прикажување е безмалку „произволно”, како што тоа некои го мислат, во смисла на испреплетените „бесмислени“ облици.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Многупати повторуваше дека тоа добродетелство било безмалку во крвта на неговото семејство и, притоа, го споменуваше неговиот предок Никола Поцо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Безмалку бев го заборавил, а не смеев, зашто ми најавуваше дека се подготвувал да дојде во посета.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сега тој беше прв, безмалку сета заслуга беше негова.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Право на него. И да му свртеше грб, сонцето ќе го биеше со своите стрели од зраци - безмалку како ѓаволестиот ангел на љубовта.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најстрашна последица беше паѓањето на неколку книги од полицата кои безмалку сосема се распарталија.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој факт, наспроти неговата евтина содржина, го правеше да изгледа безмалку волшебно...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Трошоците во судската постапка – и пред првостепениот и пред второстепениот суд, која траеше безмалку две години, изнесуваа 100.460 МКД (1.645 ЕУР), а работодавачот се стекна со обврската да го надомести и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ѓорѓиевски во Шеќераната работеше со договор на неопределено време од 1987 до 2009 година, односно имаше безмалку 22 години стаж пред да настане работниот спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Разгледувам наоколу; никој не го слушна тоа; родителите стојат безмалу наведнати нанапред и го очекуваат мојот суд; сестрата донела стол за мојата чанта.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се надевам таа безмалку ќе дојде, таа нимфа на белите жубори, невиност непромислена, возљубена од секого, невиност додадена колку за вкус.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)