баретка ж.

баретка (ж.)

Одлево, откај аголот, брзаше колата „брза помош“, оддесно јуреше една велосипедистка - прилично дебела дама, во црвена, колку што јас можев да забележам, баретка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Што се однесува до аутфитот, тоа се разни суштества со мали, средни и големи турбани, фесови у сите бои, ретко со некои кечиња, безбол капчиња, понекоја шајкача, наци баретки, хеклани капи Боб Марли, каубојски шешири, мексички капи големи ко сунцобрани, дамски шешири со воќна салата од страна...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А што ми спомнал? - прашав изненаден. - Девојка в бело! Со бела баретка, рече!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше сета во бело; си помислив: „непримерно бело за околностиве“; носеше дури и бела баретка, а од под баретката, како од лошо зачепен вруток бликаа руси локни коса.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Беше променета в бело - додадов. - Како твоите Јапонки. Згора на тоа и со бела баретка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Седобрадиот сликар во улога на заштитник на убавината на бунтовниците: ни херпес на устата, ни крв од носот на болниот човек со баретката на Че Гевара.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Болен човек со баретка баш како на Че Гевара, а и со тажен поглед баш како на Че Гевара, младиот доктор кој со мотор ги обиколува камповите на лепрозните во Јужна Америка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
По пет века Тицијан си го гледа сопственото платно со баретката на Че Гевара и си мрмори нешто сам со себе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)