бавчанџија (м.)
На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
15. КОЈ ЧЕСТО СМРТТА ЈА СПОМЕНУВА, ПОМАЛКУ ГРЕШИ - човекот со тоа на животот повисока цена му давал, уште ако е и бавчованџија тој напросто би решил и кромидовата главица да ја смета за човечка глава...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Тогаш си помисли дека можат врзан да го отераат на ујќумат и му ја летна, по другото сокаче, од кај сааткулата, од кај бавчанџиите, по Дабничка Река и покрај Данова Воденица и назад по Пазарџиски Пат стаса назад во Потковицава, што се вели како од праќа фрлен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ќе ја изненадам жена ми, си велев, ќе види најпосле таа што е добар земјоделец и бавчанџија!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Секој занает си имаше своја слава во градот - ќурчиите го славеа Свети Илија, казанџиите Свети Спиридон, бавчованџиите и лозарите Свети Атанас, терзиите Петровден, и сите ги канеа на своите денови, и турските големци, и другите видни граѓани, ама Свети Пантелејмон на папуџииите за Тодора беше некако најубав празник и чест што мислеше дека целосно и самата ја заслужува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Што си дошло, бре момче - му рекол бавчанџијата - овде во царска бавча?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)