бабичка (ж.)
Мајката ги моли: — Мили сестрички, мили мајчички, мили бабички!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А бабичката пелтечи, не распознавајќи веќе ништо низ влагата на топлите солзи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Долго бабичката ќе прикажуваше, но дамкавиот ѝ приоѓа и замислено ја прашува кај ќе ноќева.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ајде, не зјапај. Ти дошла бабичката да те види, да те прегрне.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но Зоки, дури сега среќен, беше подготвен на сѐ: - Ако, бабичке, ако!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Бабичке, - моли тој, - не фаќајте го, не фаќајте го!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Само тоа? - Само тоа, Зоки. - Па тогаш јас ќе се оженам со тебе, бабичке...
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
А народ: мажи, жени, деца, млади невести, подгрбавени бабички, старци со бастуни - пак ја посетуваат црквата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бабичката ја стави софрата и на неа ја поставија пченкарната погача.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некој се кара, некој пуши, некој што може да стои зафатил место додека крај него некоја бабичка или некој старец одвај се држат на нозе.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Слушај, бабичке, ѝ рече строго, одвај задржувајќи се да не избувне, - немој светештва да ми шириш, знаеш со светците сме начисто.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ти се допаѓа, нели - се насмеа бабичката. - Земи си пак, ако сакаш. Зедов уште малку и ѝ заблагодарив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Која е таа? - ја прашав бабичката. - За Марија прашуваш?! се изненади таа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јас ќе се вратам кај мојата бабичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Фатен во заграб со една бабичка, која се плаши да не ѝ се лизнат наланите на мразот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Оваа амалска активност никад не би ти сметала, ако у лифтот не ти се сопатници: Пакистанецот што копа на кари и ти диши у врат, малиот Кинез со уште помали ноџиња, бабичката што го носи на мочање мастифот што е голем ко липицанер...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Одејќи долж широкиот булевар, на правливиот тротоар окупиран од паркирани автомобили забележав: бабичка си фатила свое ќоше и продава врзопчиња чај наредени на картонска кутија. Ги загледав чаевите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Немам кому да ги дадам откако бабичката се откажа од нив.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Го мразев и вирчето пред влезот на мојата зграда; и бабичката што проси пред него; и неа ја мразев, иако понекогаш ѝ фрлав паричка.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)