аудитивен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Гринавеј, наместо да ја појасни оваа необична приказна, веднаш го конфронтира гледачот со збунувачка визуелна и аудитивна буица од неокласични сцени, вртоглави играчи, компјутерски генерирани видео слики, Елизабетски стихови и сензационални звучни ефекти.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тоа се дела, чии што главни естетски и онтолошки концепти се расчленуваат на: 1) губење на длабочина,                                2) површни ефекти (тематизација на „близината”),                                3) естетска инсценација на нови технологии и медии,                                4) зачекорување во виртуелни, алтернативни, паралелни                                „светови”,                                5) симулирање на комплексното осознавање во смисла на                                визуелна, аудитивна и тактилна перцепција,                                6) преод од аурата кон гламурот,                                7) интерактивност,                                8) генеративна репродукција на уметнички дела.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Уште попровокативна симулација на алтернативните синтетички светови овозможуваат интерфејсите за виртуелна реалност, која е техномагија за визуелната, аудитивна и тактилна           перцепција на компјутерски генерираните environment-и, кои се менуваат во зависност од           активноста на посматрачот/примател, што значи, дека се интерактивно манипулативни.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          КРИСТИНА: Од што си болен? ЈАКОВ: Психоза шизо-афектива со присутни аудитивни халуцинации и нагласена депресивна компонента. (Пауза) Се бавев со суштината и суштината ме испече.
        
      
    
    
    
      „Одбрани драми“
         од Горан Стефановски 
        (2008)