аудиенција (ж.)
По завршувањето на аудиенцијата Великиот везир пристапи со доклади по писмените извештаи од разни краишта, каде што војуваше султановата силна војска.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во широката и богато украсена свечена сала султанот почна со аудиенциите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ме пофалил кај султанот еднаш или двапати, пак сетне ми закажа и аудиенција, оти многу го молев.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас го молев да ми договори ауденција кај султанот, како мухтар и како човек што ја штити државата, но и Маказар и целиот крај, зашто имаше неправди спрема рисјаните и за да има мир и слога, треба за сите да биде добро и според законите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во времето кога бил во ауденција кај султанот, Никола Поцо полека веќе се подготвувал за враќање во Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Убаво се загледав во фотографијата на која беше претставен амбасадорот, во свечената дипломатска облека, седнат крај камин, во очекување на некоја значајна аудиенција.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пред одржувањето на септемвриската средба во 1997 година на сите амбасадори на Франција во Париз, претседателот Жак Ширак прими во аудиенција во Елисејската палата неколку од двестете дипломати.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како и да е на една опитна и достоинствена коала Која била на аудиенција и кај Римскиот Папа Секако ѝ прилега да верува дека толку време не сонувала попусто Сеедно што севезден се распространува општењето во здрав разум И што еукалиптусите сѐ повеќе се наврнати од кисели дождови.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)