атентатор м.

атентатор (м.)

Ме следеа и чекаа - бесмислица! - да ме стапнат со атентаторска бомба в пазуви, со тајни материјали од онаа букурешка седница на која беше донесена Резолуцијата, со докази заради кои главата, самата од себе, ти паѓа пред нозе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: Зошто не? Би го направиле ли ние кога би станувало збор за атентатор против нас?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Знаеш ли кој е овој недоквакан младич што ни го испратиле како атентатор на Ѓорчета?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Бргу се повлече назад. - Готово, атентаторе! Го заслужи орденот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Најпосле се врати, атентаторе. Земи. Држи ја стомнава.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Атентаторе мој! Плашливо мое! - и тој пак го стегнуваше во силно гушнување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тука се наоѓа и затворот во кој постои келијата во која бил затворен Гаврило Принцип, заедно со другите атентатори од Сараево на австро-унгарскиот престолонаследник Фердинанд во 1914 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме следеа и чекаа - бесмислица! - да ме стапнат со атентаторска бомба в пазуви, со тајни материјали од онаа букурешка седница на која беше донесена Резолуцијата, со докази поради кои главата, сама од себе, ти паѓа пред нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште пред да се пресмета каде, кога и како ќе биде убиен големиот деспот, на 5 март во 1905 година, во рацете на еден преусвитен атентатор, некојси Киндеријан, се распрснува бомба од чии шрапнели гине, меѓу другите, и Кристофер Микелјан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој знаел дека речиси сите уапсени немале врска со солунските атентатори, но го знаел и тоа дека голем број од нив имале врска со Македонската револуционерна организација, иако немал конкретни докази да ги испрати на суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гемиџискиот канал бил доста длабоко и можноста да се открие била мала, но тоа не можело да не ги вознемири атентаторите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во „Емброс“ била објавена вест во која се кажувало дека атентаторите имале планирано да ги нападнат со бомби грчкиот конзулат, Грчката митрополија и грчката гимназија, но не успеале да го реализираат тој план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)