аскеза (ж.)
Како некакво тотално прочистување, аскеза речиси, при што почисто ќе се лоцираат оние пар ентузијасти („фрикови, особењаци, откачени”) коишто се токму некакви столбови на духовност на оваа инаку моронска социјална градба?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се враќав дома од вистинска аскеза.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Патот е херојство и аскеза, во што смртта е природен влог...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Храбрата мајка ќе почине во осумдесет и шестата година од животот крај својот син, додека тој на својата легендарна машина за пишување ја продолжувал својата преведувачка аскеза.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Камилски мина низ вистинска аскеза додека војуваше со овие пет опасни турцизми, кои ги поврзуваше со својот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)