архиепископ м.
архиепископија ж.

архиепископ (м.)

Кентерберискиот архиспископ се обрна кон англискиот министер-президент Балфур со молба од името на Англиканската црква да им се помогне на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
12. По него промемориите од рускиот и од австро-унгарскиот пратеник до Портата13 и во Софија и писмото на англискиот министер-президент Балфур до кентерберискиот архиепископ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А што му пишува англискиот министер претседател на кентерберискиот архиепископ за политиката на големите сили во нашите работи: „Учеството на сите сили во разрешувањето на македонското прашање само може да го задржи, наместо да го забрза, неговото разрешување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Пред малку го споменавте нашиот преродбеник архиепископот Фан Ноли кој тврдеше дека и покрај тоа што во Албанија мнозинството се муслимани, не познава друг цивилизиран свет во кој преовладува, дури до рамнодушност, верската толерантност како во Албанија и во кој може да биде на чело на државата човек каков што беше тој, православен архиепископ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓу нив беше и поранешниот архиепископ Висарион.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Коница беше близок пријател со Фан Ноли, архиепископ и албански државник, поранешен претседател на албанската влада, голем писател и преведувач на светските класици на албански јазик, во прв ред на Шекспир и на Сервантес.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако често дивјачки и нецивилизирано напаѓан од официелните критичарски морони, кои, меѓу нас кажано, во филм се разбираат колку нашиот архиепископ во кик-бокс, ТОЈ сепак не се предаде! (Смеење) А како и нема да биде напаѓан?! Како и нема?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го измолив архиепископот да ми даде еден кораб со луѓе побожни, мажи благочестиви и да ме одведе на тоа место.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Царската круна ја примил од српскиот патријарх Јоаникие, трновскиот патријарх Симеон и охридскиот архиепископ Никола. По крунисувањето ги освоил Епир и Тесалија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)