арбитрарен (прид.)
Меѓутоа, има и нешто повеќе од сето тоа, од арбитрарните декрети на власта, а тоа е сказната што ни се нуди низ романот Времето на козите, на романсиерот Луан Старова, сугерирајќи ни, а и без тоа некогаш да се каже, дека грешките и лудоста на режимот не беа во диктатурата, туку во феноменот од кој произлезе диктатурата, односно од идеолошката аберација.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Деконструкционистите покажуваат дека секое верување, дефиниција и цврсто стојалиште токму минуваат низ кризата од различни и арбитрарни интерпретации.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Очигледно, чувството за време кое се разви од асимилацијата на физичкото време настанато од арбитрарната поделба во единици на дневната ротација на земјата, има малку значење за оној тип на перцепција на времето кој може да се јави во сништата, или, како во овој случај, да биде индуциран со ЛСД.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Степенот на отсуство на поклопување помеѓу графемите и фонемите неизбежно се одразува во бројот на арбитрарните „правописни правила” коишто децата мораат да ги научат.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Но и тој не можеше да се ослободи од макијавелистичкото заложништво: целта да го спаси Тунис во текот на неговото триесетгодишно апсолутистичко владеење со оваа земја, не успевајќи да му одолее на неизбежното негување на култот на личноста, на арбитрарната автократија, на балетот на властољубивите куртизани околу него, најголемите, еден ден, да му ја преземат власта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во овој однос кон животните Бургиба гледаше како западниот човек го презел арбитрарно правото да го раздвои човештвото од анималноста, кое судбински го опкружува, предизвикувајќи свесно еден циклус на планетарно проклетство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)